Интер-Сампдорија и уште два меча од Серија А одложени поради коронавирусот

Натпреварот меѓу Интер и Сампдорија како и средбите Верона-Калјари и Аталанта-Сасуоло се трите дуели од фудбалската Серија А кои се одложени поради појавата на опасниот коронавирус во дел од Италија. Премиерот, Џузепе Конте издаде итна наредба преку министерот за спорт да бидат одложени сите спортски натпревари и најави прес конференција за денеска.

Суспендирани се сите спортски настани во областите Венето и Ломбаридија. Стравот се појави поради тоа што 78-годишен човек е првата жртва од коноравирусот во Италија, а има уште 18 заболени.Интер го потврди одложувањето на натпреварот кој требаше да биде одигран на Сан Сиро.

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...