Интер се фокусира на Леонардо Жардим?

Италијанскиот калчолигаш Интер продолжува со потрага по нов тренер за следната сезона. По заминувањето на Пиоли, јасно е дека „неароаѕурите“ ќе имаат нов предводник, но засега немаа многу среќа и успех во преговорите за ангажман на нов стратег.

Добија ‘корпи’ од Диего Симеоне и Антонио Конте, се споменуваа и Маурицио Покетино и Томас Тухел, но сега фокусот на раководството на Интер е насочено кон Леонардо Жардим. Овој португалски тренер ја освои шампионската титула во Франција со Монако, па изби во прв план и за нов шеф на стручниот штаб на клубот од „Џузепе Меаца“.

Жардим е под закрила на суперагентот Жорге Мендеш, кој во Интер ќе го доведе и дефанзивецот Пепе од Реал Мадрид, па можно е оваа соработка да вроди со плод. Сепак, Жардим со Монако би играл во Лигата на шампионите, додека Интер ќе ја нема таа чест во новата сезона.

Се вчитува...