„Интер се надеваше на светска класа, а доби само еден обичен лудак“

Иако веќе пет и пол години е дел од Интер се чини дека соработката со италијанскиот гигант за Марсело Брозовиќ е завршена. И покрај одличните игри за „нероаѕурите“ сепак проблемите надвор од терените се главната причина за заминувањето од „Џузепе Меаца“. Во Интер не гледаат во Брозовиќ пример за другите поради неговите испади во алкохолизирана состојба. Италијанската „Газета“ направи осврт на кариерата на Брозовиќ во Интер, велејќи дека од клубот очекувале светска класа фудбалер, а добиле само една обична пијаница.

„Испадите на Хрватот не беа компензирани со добрите настапи на теренот за да може Конте да го толерира тоа што го прави во слободното време. Тој е „лош дечко“. Него можеш да го трпиш само ако тоа што го покажува на теренот е за пет класи подобро од неговите глупости надвор од него. Едноставно не е доволно добар за да може да му се простат лудостите кои ги прави во слободно време“, стои во текстот на „Газета“. 

Интер го стави својот фудбалер на трансфер листата, а како еден од можните кандидати за неговиот потпис се наведува европскиот шампион Баерн Минхен.

Се вчитува...