Интер се откачи од Жоао Марио

Управата на Интер по Иван Перишиќ и Раџа Наинголан успеа да се ослободи од уште еден фудбалер што не беше дел од плановите на Антонио Конте. Станува збор за Португалецот Жоао Марио, кој утрово отпатува за Москва и во текот на денот ќе потпише договор со екипата на Локомотива од руската престолнина.

Интер се согласи да го испрати Марио на едногодишна позајмица, а рускиот клуб ќе има можност следното лето целосно да го откупи неговиот договор за 18 милиони евра. Загубата е значителна, ако се знае дека „нероаѕурите“ пред три години го платија овој фудбалер дури 40 милиони евра, но Жоао Марио никогаш не се покажа како добра инвестиција за овој клуб.

Во текот на денешниот ден се очекува директорот Марота повторно да се сретне со Ванда Нара, се со цел да се обиде да ја убеди сопругата на Мауро Икарди овој фудбалер да си замине од „Џузепе Меаца“.

Се вчитува...