Интер се препоти за победа во Купот: Буфон прими гол со глава од 16 метри (видео)

Интер многу потешко се пласираше во следната рунда од Купот на Италија, откако вечерва по голема борба и продолженија од два пати по 15 минути го елиминираше второлигашот Парма со 2-1. Ачерби беше херој на домаќините, а голманот Џиџи Буфон трагичар на Парма, откако искусниот чувар на мрежата дозволи во продолжението да прими гол со глава од работ на шеснаесетникот шеснаестникот.

Гостите беа многу блиску до сензација на “Џузепе Меаца“ откако први дојдоа во водство со голот што го постигна Станко Јуриќ во финишот од првото полувреме.

Цврстата одбрана на Парма на чело со Буфон одолеваше на налетите на фаворитот се до 88. минута, кога Лаутаро Мартинез одлично се снајде и го постигна голот за израмнување.

Двата тима имаа свои шанси во првото продолжение, за во вториот период Ачерби да реализира на големо изненадување на гостите на чело со Буфон, гол што се покажа решавачки за .„нероаѕурите“ да се пласираат во наредната рунда.

Се вчитува...