Интер преку клупско соопштение ја потврди разделбата од четири искусни фудбалери кои беа дел од успешната ланска сезона, но летово ќе ги променат клупските бои.
Голманот Јан Зомер ја предводи листата на заминувања, заедно со дефанзивците Ачерби, Дармијан и Де Фрај.
Искусниот Зомер дојде во Интер во 2023 од редовите на Баерн и настапи на 100 средби во Серија А, давајќи значаен придонес во освоеното скудето минатата сезона.
Ачерби (38 години ) ги бранеше боите на Интер од 2022 година и останува да се види дали ќе се пресели во Ал Хилал, каде Симоне Инзаги сакаше да го доведе минатото лето по успешната соработка што двајцата ја имаа во Интер.
Де Фрај ја одби понудата за нов договор и како слободен играч ќе се пресели во Панатинаикос, а останува да видиме каде ќе замине Дармијан, кој го напушта Интер по одиграни 150 натпревари во Серија А во дресот на „нероаѕурите“ и освоени три шампионски скудета и три трофеи во Купот на Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
