Интер се вклучи во трката за Николас Пепе

Италијанскиот калчолигаш Интер покажува голем интерес за ангажман на крилниот играч на Лил, Николас Пепе. Раководството на „нероаѕурите“ е подготвено да плати 90 милиони евра, плус дополнителни бонуси, за да го доведе одличниот офанзивец на „Џузепе Меаца“. Новиот тренер Антонио Конте сака да го реновира навалниот ред, особено што Иван Перишиќ, а можеби и Мауро Икарди се подготвуваат за заминување.

Интер, сепак,  ќе има жестока конкуренција за потписот на Николас Пепе. За него се интересираат и Баерн Минхен, Пари Сен Жермен, Арсенал, Тотенхем, Ливерпул и Јувентус. Но, Конте инсистира тој да биде доведен во Милано.

Се вчитува...