Интер со „петарда“ за Сампдорија… (ВИДЕО)

Интер продолжува со доминантните игри во Серија А и покрај веќе обезбедената титула, со убедлив триумф од 5-1 против Сампдорија во 35. коло.

„Нераѕурите“ до 26. минута со головите на Гаљардини и Санчез веќе имаа предност од 2-0, а откако тимот од Џенова намали на 2-1, Санчез со својот втор гол во 36. минута пред полувремето имаше 3-1.

Пинамонти и Мартинез стрелаа во второто полувреме за конечни 5-1.

 

Се вчитува...