Интер со пресврт до триумф над Верона

Интер оствари тешка победа (2-1) над Верона и се доближи повторно на само еден бод негатива во однос на лидерот Јувентус. Тимот на Антонио Конте мораше да надополнува негатива во вториот дел, откако гостите поведоа со голот на Валерио Вере од пенал во 19.минута.

Но, „нероаѕурите’ не се предадоа и притиснаа со сите сили во второто полувреме. Матијас Весино во 65.минута го израмни резултатот, а Николо Барела го донесе триумфот со прекрасен погодок во 83.минута.

Се вчитува...