Интер тргнува по Сандро Тонали

Италијанскиот калчолигаш Интер ја загуби трката со Јувентус за Дејан Кукушевски, но ќе се обиде прв да стигне до потписот на Сандро Тонали. Одличниот играч за врска е цел и на Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Манчестер Сити и на ПСЖ, но Интер се надева дека ќе успее да го убеди да се пресели на „Џузепе Меаца“.

Можноста за трансфер во зимскиот преоден рок е реално мала, но Џузепе Марота планира да испрати понуда од 50 милиони евра. Многу поголема е веројатноста Тонали да замине од Бреша по завршувањето на сезоната, со оглед дека му е потребен на тимот кој грчевито се бори за опстанок во италијанската елита.

Антонио Конте има голема желба да го види Сандро Тонали во составот на „нероаѕурите“ и да формира млада и талентирана линија во средниот ред, заедно со Николо Барела и со Стефано Сенси.

Се вчитува...