Интер трие раце, скокна цената на Габи-гол

Габриел Барбоса со двата гола во самиот финиш му ја донесе јужноамериканската круна на тимот на Фламенго, а од целата ситуација ќе профитира и Интер, кој се уште го има под договор бразилскиот голгетер. Габи-гол е оценет од италијанската јавност како големо трансфер-промашуваање, откако Бразилецот не оправда ниту дел од вложените 29,5 милиони евра за неговото доаѓање од таборот на Сантош.

Сепак, сега „нероаѕурите“ би можеле дури и да профитираат на овој напаѓач, откако неговата цена дополнително скокна по финалето на Либертадорес Купот. Фламенго и Интер начелно се договорија висината на трансферот да изнесува 22 милиони евра, но бразилскиот клуб одолговлекуваше со потписот во обид да ја намали сумата, во недостиг на соодветни понуди од Европа.

Сепак, сега ситуацијата се промени, а со самото тоа и ставот на Интер, чиј директор Џузепе Марота сега бара меѓу 35 и 40 милиони евра за Габи-гол. Напаѓачот ќе го предводи Фламенго на клупскиот мундијал во Катар, па Марота е убеден дека во јануарскиот преоден рок во кој неколку елитни клубови ќе бараат нови голгетери, Габи-гол може да достигне убава цена на пазарот.

Во игра секако е и останување во Фламенго, но новиот првак на Копа Либертадорес сега ќе мора да плати многу повеќе од она што претходно беше договорено.

Се вчитува...