Интер триумфално и со Удинезе, Несторовски без минутажа

Интер продолжува со максималниот ефект на стартот од сезоната во Серија А, славејќи во 3. коло пред своите навивачи против Удинезе минимално со 1-0.

Стрелец на единствениот погодок вреден три бода за „нераѕурите“ беше Стефано Сенси во 44. минута од натпреварот.

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски не доби шанса за настап, останувајќи само на клупата за резервни фудбалери.

Интер по оваа победа е осамен лидер на табелата во Серија А, пред Јувентус кој е со 7 бода и Наполи и Торино кои се со по 6 бода.

Се вчитува...