Интер во 91. минута испушти триумф против Фиорентина… (видео)

Интер никако да се врати на победничките патеки во Серија А. „Нераѕурите“ иако беа блиску до триумф на гостувањето против Фиорентина во 20. коло, сепак со гол примен во последните секунди од мечот дозволија домашните да им ‘украдат’ два бода.

Интер и петти едноподруго натпревар е без триумф во Серија А. Имаше водство од 0-1 на дуелот против Фиорентина со голот на Мауро Икарди во 55. минута, но Џовани Симеоне во 91. минута ги постави конечните 1-1.

По ова ново реми, Интер со 42 бода остана на третата позиција, со пет бода помалку од второпласираниот Јувентус и шест бода минус во однос на водечкиот Наполи, кои имаат и по натпревар помалку од тимот од Милано.

Се вчитува...