Интер во големи проблеми: Долгот зголемен преку 600 милиони евра

Италијанскиот калчолигаш Интер е во големи финансиски проблеми, откако ниту новото раководство кое го предводи кинескиот конзорциум „Сунинг“ не успеа да ги намали долговите на клубот. Напротив, долгот е зголемен и во моментов изнесува 637,5 милиони евра, објавија медиумите на Апенините. Новите мнозински сопственици требаше до крајот на 2017 година да инјектираат 300 милиони евра за намалување на долгот, но тоа не се случи, па сега состојбата воопшто не е поволна.

До крајот на јуни Интер ќе мора да надомести и долг од 83 милиони евра за да го испочитува финансискиот фер-плеј на УЕФА. Пресметано и дека клубот ги зголемил годишните трошоци за 29 милиони евра повеќе во споредба со 2016 година.

Ова значи дека „нероаѕурите“ во летниот преоден рок ќе мораат да продаваат дел од најдобрите фудбалери, а во фокусот е напаѓачот Мауро Икарди кој е цел на Реал Мадрид.

 

 

Се вчитува...