Интер во нов обид да го доведе Лука Модриќ

Италијанскиот калчолигаш Интер не успеа да го доведе Лука Модриќ изминатото лето, но не се откажува од намерата да го реализира трансферот на Хрватот на „Џузепе Меаца“. Реал Мадрид не сакаше да се откаже од најдобриот фудбалер за 2018 година во ист период кога и Кристијано Роналдо си замина од клубот, но се чини дека сега интензивно го бара наследникот на Модриќ. Раководството на Интер повторно отвори преговори за ангажман на одличниот играч за врска кои би можеле да завршат успешно.

„Нероаѕурите“ се подготвени да платат 35 милиони евра за да го доведат Модриќ оваа зима во Милано. Со оглед дека Иско ќе остане најмалку до јуни во Мадрид, можеби е ова и вистинскиот период за „кралевите“ да го продадат хрватскиот ас. Тој има договор до јуни 2020 година и на лето ќе влезе во последната година од соравотката, а Реал ќе добие многу помала сума за отштета.

Се вчитува...