Интер заборави да победува, го ’почести’ и Кротоне

Серијата на Интер без победа во италијанскиот шампионат продолжува и понатаму. „Нероаѕурите“ вечерва беа без својот капитен, напаѓачот Мауро Икарди, но и покрај тоа важеа за големи фаворити против Кротоне. Сепак, одиграа само 1-1 и уште еднаш ги разочараа фановите.

Едер во 23.минута донесе предност за тимот на Лучијано Спалети, но Барберис во 60.минута успеа да израмни. До крајот на мечот Интер не пронајде начин да стигне до трите бода и мораше да се задоволи со ново реми.

Се вчитува...