Интер замената за Хакими ја бара во Лацио, Челси и Арсенал

Интер стигна до 19. титула во италијанското првенство и стави крај на деценискиот пост, но наместо да продолжи со доминацијата, тимот тоне, а најголем виновник за тоа се финансиите. Поради нив миланскиот клуб е приморен да продава играчи, а еден од оние кои наскоро ќе ја напушти „Џузепе Меаца“ е Ашраф Хакими.

Мароканецот е пред трансфер во ПСЖ вреден 70 милиони евра, а Интер ќе мора да ја пополни оваа позиција. За тоа главни кандидати се Мануел Лазари од Лацио, Давиде Запакоста од Челси и Хектор Белерин од Арсенал.

Прва опција за Интер е играчот на Лацио. 27-годишниот Лазари е добро познат во италијанското првенство, а овој трансфер би го чинел клубот околку 15 милиони евра. Како алтернатива за Италијанецот се двата бека од Премиерлигата, Белерин и Запакоста кои се во втор план во Челси и Арсенал, па Интер ќе се обиде да стигне до ефтини трансфери.

Се вчитува...