Вечерва се играат првите натпревари од 1/16 финалето во Лигата на Европа, а еден од поинтересните натпревари е во Дортмунд, каде домашната Борусија го пречекува составот на Глазгов Ренџерс. И со овој натпревар е врзата една интересна приказна.
Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Џовани Рејна, своето име го добил по актуелниот тренер на Глазгов Ренџерс Џовани ван Бронкхорст. Како дошло до ова? Таткото Клаудио Рејна, е еден од познатите фудбалери на САД, во минатото играше токму во Глазгов Ренџерс, заедно со Ван Бронкхорст две години, и станале неразделни пријатели.
Клаудио потоа заминал во Премиер-лигата во Сандерленд, каде му се родил син, и се решил да му го даде името на својот пријател.
Сега Џовани против Џовани вечерва ќе ги одмерат силите. Секако дека Рејна ќе нема попуст кон тренерот по кој му е дадено името.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА