Јувентус заврши огромна работа со ангажманот на Кристијано Роналдо, па италијанскиот првак делува недопирливо во пресрет на новата сезона во Серија А. Сите останати клубови сега се обидуваат да се доближат барем малку до нивниот квалитет, а Интер размислува да го жртвува дури и капитенот Мауро Икарди. Со парите од неговата евентуална продажба, тренерот Лучијано Спалети би ги засилил одлично сите три линии во тимот.
Реал Мадрид е заинтересиран за ангажман на Икарди и доколку Интер ја достигне посакуваната цена за продажба, околу 120 милиони евра, тогаш ќе може и одлично да ги употреби тие пари. За 60 милиони евра ќе го купи Гонзало Игуаин од Јувентус, кој исто така е цел и на англискиот премиерлигаш Челси. Останатите 60 милиони евра, ќе ги искористи за Артуро Видал од Баерн Минхен, и за Шиме Врсаљко од Атлетико Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА