Интересен трансфер период: Ибраими за посилна Шкендија, Работнички со 10 засилувања!

Македонскиот фудбал мина низ уште еден во голема мера сосема вообичаен трансфер период кој го одбележаа враќањето на домашната сцена на поранешни истакнати домашни прволигашки имиња и репрезентативци како Агим Ибраими, Горан Силјановски, Дејан Блажевски, Душан Савиќ, Андреа Ефремов, Даниел Аврамовски…. Но, и кам-бекот во „своите“ клубови на Баже Илијоски во Работнички, и еден од најдобрите странци кои играле во најсилната македонска лига во историјата, Бразилецот Хуан Фелипе кој повторно е во Вардар.

Во секој случај, кога низ неколку црти би се сумирал зимскиот преоден рок 2018/2019 пред утрешното продолжение на Првата лига, тогаш дефинитивно во фокусот се Агим Ибраими, Хуан Фелипе и Баже Илијоски.
Комплетната трансфер листа може да ја погледнете на новата скаутинг платформа за развој на македонскиот фудбал, МАКФУДБАЛ.МК.

Се вчитува...