Интересна размена на фудбалери меѓу Фиорентина и Интер

Фиорентина и Интер си договорија размена на фудбалери. Левиот бек на Интер, Далберт иако се поврзуваше со Фенербахче, сепак, на крајот одлучи да остане во Серија А прифаќајќи ја понудата за позајмица во Фиорентина.

Но, двата клуба договорија во спротивен правец, исто така на позајмица, заминува Бираги. Според договорот, клубовите немаат право на откуп на договорите, па се очекува Далберт и Бираги на крајот од сезоната да си се вратат во своите средини.

Интерено, и Бираги, како и Далберт, играат на левата бековска позиција.

Се вчитува...