Интересна ситуација во Кратово: Судијата поништи гол на Струга ТЛ за да им даде пенал, ама тие го промашија пеналот за победа (ВИДЕО)

Силекс и Струга ТЛ ремизираа без голови во Кратово во 21. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Натпреварот го одбележа интересна ситуација во првото полувреме. По нафрлањето од слободен удар од десната страна, фудбалерите на Струга ТЛ постигнаа гол за водство од 0-1. Но, главниот судија се одлучи да не го признае голот и да досуди пенал за гостите.

Но, Згуро кој ја презеде обврска да го изведе ударот од 11 метри не успеа да го реализира пеналот. Божиновски одлично го одбрани неговиот шут од белата точка, што до крај се покажа доволно за Силекс да извлече реми со шампионот.

Се вчитува...