Интересна забрана за Нигеријците: Не е дозволено внесување кокошки на стадионите

На натпреварите од Светското првенство забрането е внесување на домашни миленици. Дури и ако се преравени во „навивачи“. Нигеријските фанови ќе мора да се помират со забраната на трибините да не внесуваат живи кокошки обоени во „зелено-бело“. Тоа им е еден вид традиција на домашно тло, но руските власти, а и ФИФА не дозволуваат таква амајлија на мечевите од Мундијалот.

„Фановите од Нигерија доставија официјално барање за да внесуваат живи кокошки на стадионот. Тоа е нивниот симбол. Но, за жал, тоа нема да им биде дозволено“, изјави Андреј Ермак, локалниот министер за туризам во Калининград.

Нигерија утревечер ќе го одигра првиот натпревар на Мундијалот и ќе ги одмери силите со селекцијата на Хрватска, во рамките на групата Д.

Се вчитува...