ИНТЕРЕСНИ БРОЈКИ И ФАКТИ ПРЕД ДЕРБИТО: „Гипсарите“ поуспешни, Шкупи во серија од осум меча без пораз…

Водечките две екипи по десет одиграни натпревари во Првата македонска фудбалска лига, Шкупи и Ренова денеска од 14 часот на Чаир го играат дерби натпреварот од 11. коло.

Во пресрет на дерби-пресметката ви ги носиме најинтересните бројки и факти поврзани со двете екипи кои во моментов ги делат само два бода на врвот од табелата.

ИНТЕРЕСНИ БРОЈКИ И ФАКТИ ПРЕД ДЕРБИТО

  • До сега овие два тима 22 пати се сретнаа, скорот е шест победи за Шкупи, осум нерешени средби и осум победи на Ренова. „Гипсарите“ како гости кај Шкупи имаат остварено само две победи, со четири ремија и шест порази
  • Шкупи е во серија од осум натпревари без пораз, и шест натпревари по ред со победи
  • На последните три меча, Шкупи нема примено гол
  • На секој од досегашните 10 натпревари во првенството, Ренова давала барем по еден гол на секој противник. Шкупи, пак, на два меча не успеала да постигне гол, но затоа давал гол на сите натпревари на кои бил домаќин
  • Сегашниот тренер на Ренова Ќатип Османи, бил тренер и на двата тима
  • На последните пет гостувања кај Шкупи, Ренова секогаш давала барем по еден гол, а на последните четири меча давале два или повеќе голови кога гостувале кај чаирскиот тим
  • Шкупи сезонава на домашен терен ги има сите четири победи, и примено само еден гол
  • Во досегашните 10 натпревари во Првата лига, Шкупи има седум „чисти мрежи“ што е најмногу од сите, а Ренова има само четири „чисти мрежи“
  • Со шест примени гола, Шкупи е екипата со најмалку примени голови во досегашниот дел од првенството
  • Најголем број од головите сезонава, Ренова ги постигнува од 15 до 30 минута од средбата, додека Шкупи во првите 15 минути или последните 15 минути е со ист процент

ДВОЈКИ ЗА 11. КОЛО ПМФЛ

Се вчитува...