Интернетот полуде – Кои се тие Реал и Интер, кога ги имаш Гладба и Шахтјор (ФОТО)

И по две одиграни кола во групата Б во Лигата на шампионите, фаворизираните Реал Мадрид и Интер се без победа, додека одлично се држат аутсајдерите Шахтјор Доњецк и Борусија Менхенгладбах.

Реал вечерва се извлече во финишот од пораз против бундеслигашот, а минатото коло загуби на домашен терен од Украинците. Од друга страна „нероаѕурите“ во првите две кола одиграа два пати нерешено. Поради сето ова интернетот полуде и сите почнаа да им фаќаат сеир на двата европски гиганта. Фотографии од Мајкл Џордан се само дел од мемињата со кои се фаќа сеир на Реал и Интер.

 

Се вчитува...