„Интервју со Родман е како разговор со дива мачка – Секоја реченица му почнува со Ким Џонг-ун“

Документарецот посветен на генерацијата на Чикаго Булс предводена од Мајкл Џордан „Последниот танц“ ги урива сите рекорди на гледаност во Соединетите американски држави. Досега премиерно беа прикажани шест епизоди, а преостанатите четири ќе ги проследиме во следните две недели. Дел од генерацијата која се радуваше на тројна титула беше и Денис Родман кој се уште се смета за еден од најконтроверзните кошаркари во историјата на НБА.

Режисерот на „Последниот танц“ објасни колку е тешко да се интервјуира Денис Родман.

„Да направиш интервју со Родман е како да пробаш да интервјуираш дива мачка. Секоја нова реченица му почнува со Ким Џонг-ун“, изјави режисерот на документарецот посветен на Булс. 

 

Се вчитува...