Инцидент: Член на управата на Куманово влезе на терен против МЗТ и го плукна судијата (видео)

Куманово загуби на домашен терен од МЗТ Скопје во заостанатиот натпревар од Првата лига што се одигра пред два дена, дуел што за жал го одбележа и немила сцена во самиот финиш.

Се играа последните минути, а победникот веќе беше решен, кога на теренот влета едно лице кое најпрвин протестираше, а потоа и го плукна судијата. Според зборовите на коментаторот на мечот, станува збор за член на управата на кумановци, чие однесување ќе донесе и казна за овој клуб.

Судиите ја прекинаа средбата, лицето беше отстрането од салата, по што кошаркарите на двата тима го доиграа остатокот од мечот.

Се вчитува...