Инцидент на мечот Сасуоло – Интер: Со падобран на сред терен… (ВИДЕО)

Интересна ситуација го одбележа натпреварот меѓу Сасуоло и Интер во 8. коло од Серија А, кога на сред натпревар на теренот се спушти падобранец.

Пред крајот на полувремето, кога Лукаку се подготвуваше да изведе пенал, фудбалерите на двата тима беа вчудоневидени кога непозната личност со падобран слета на теренот во Реџо Емилија. Во прв момент и самиот падобранец се чудеше зошто нема никој од редарите, но потоа веднаш беше однесен од теренот…

 

Се вчитува...