Инцидент на мечот во Чаир – полувремето продолжено цели 10 минути!

Првото полувреме од дерби-натпреварот меѓу Шкупи и Струга ТЛ во 15. коло од Првата македонска фудбалска лига го одбележа и инцидентот во финишот на првиот дел.

Искри меѓу фудбалерите и членовите на стручните штабови на двата тима се случи по стартот на Руватубјае врз Кадриу. Сето тоа донесе вербални судири и физички контакти, па требаше време да се расчисти инцидентот.

На крајот главниот судија им додели жолти картони на Наумовски и Кадриу, а директни црвени картони и исклучување од натпреварот добија помошниците на шефовите на двата стручни штаба, Седлоски и Захариевски. Првото полувреме поради сето тоа беше продолжено за цели десет минути.

Се вчитува...