Германскиот првак Баерн Минхен одлично го стартуваше вториот дел од сезоната во Бундес-лигата, ја намали негативата во однос на лидерот Лајпциг на само еден бод, но очигледно дека конкуренцијата во тимот го прави своето, па летаат „искри“ на тренинзите на баварскиот тим. Денеска е спречена тепачка меѓу Џером Боатенг и Леон Горецка, објави „Билд“.
На тренинг – натпревар Горецка намерно го фаулирал Боатенг без топка, но тој веднаш станал и физички го нападнал фудбалерот за врска. За среќа, брзо притрчале Томас Милер и Роберт Левандовски, а потоа и тренерот Ханси Флик, со што е избегната жестока тепачка. Секако, потоа се појави и фотографија на клупскиот сајт на Баерн Минхен на која двајцата фудбалери се во прегратка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА