Инцидент по мечот Тиквеш – Охрид: Гостински навивач повредил полицаец

Немили сцени по завршувањето на ракометниот натпревар во Кавадарци, помеѓу Тиквеш и Охрид. И за време на мечот имаше вербални дуели, но ситуацијата кулминираше по мечот кога еден гостински навивач со пиротехника повредил еден полицаец.

За целиот настан се огласија и од Министерството за внатрешни работи, од каде истакнуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, и ќе следат соодветни поднесоци.

„На 06.04.2024 во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци, за време на одигрување и по завршување на првенствен ракометен натпревар помеѓу екипите на ГРК „Тиквеш 2014“ од Кавадарци и ГРК „Охрид“ од Охрид, повеќе лица од навивачките групи на двете екипи запалиле пиротехнички средства и ги фрлале на трибините кон останатата публика и кон полициските службеници, кои извршувале службени дејствија. Притоа, по завршување на натпреварот, едно лице од навивачката група од Охрид фрлило пиротехничко средство кон полициски службеник и му нанело повреда. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци“, велат од МВР. 

Охрид славеше триумф со 22-25 на ова гостување.

Се вчитува...