ИНЦИДЕНТ ВО МАЏАРИ: Црвени картони за Омерагиќ и за Мелиќи, па хаос во соблекувалната

По сосема мирен и коректен натпревар, неочекуван инцидент на дуелот меѓу Вардар и Шкендија на „Борис Трајковски“ во Маџари во 60. минута од средбата.

По еден некоректен судир меѓу напаѓачот на Вардар, Омерагиќ, и дефанзивецот на Шкендија, Мелиќи, и двајцата добија втори жолти картони и исклучување на мечот.

По тензиите меѓу играчите на двата тима, дополнителен хаос предизвика и инцидентот кој Мелиќи го предизвика на заминување во соблекувалната. За среќа се набрзо се смири, а по прекин од цели пет минути натпреварот продолжи…

Се вчитува...