Инциденти во Марсеј, уапсени 17 навивачи

Локалните власти во Марсеј соопштија дека 17 лица се уапсени после судирот на навивачите и полицијата во четврток. Голем дел од уапсените навивачи задржани се поради насилства врз полицијата, а главно станува збор за навивачи на Марсеј. Останатите се уапсени поради насилство и упад на стадион со димни бомби и други пиротехнички средства.

Полицијата во текот на вечерта употребила и солзавец, во миговите кога навивачите го напуштале стадионот „Велодром“ во 23 часот.

Навивачите на Феенорд на стадионот нападнаме новинари, фрлале парички, димни бомби и делови на седишта.

Фудбалерите на Феенорд се пласираа во финалето на Лигата на конференции, откако одиграа без голови на вториот меч во Марсеј. Првиот меч заврши со победа на холандскиот тим од 3-2.

Се вчитува...