Инцидент на судењето за злоставуваните гимнастичарки: Татко сакаше да го претепа педофилот

Инцидент се случи за време на судењето на педофилот Лари Насар кој доби казна затвор од 175 години за сексуално злоставување на неколку гимнастичарки од репрезентацијата на САД.

Таткото на една од гимнастичарките, Рендал Маргривс не можеше да издржи и најпрво вербално а потоа и физички насрна на педофилот Насар кој беше доктор во американската гимнастичка репрезентација.

„Почитувана судијке ве молам да ми дозволите пет минути во заклучена соба со тој демон. Оставете ме само една минута да му покажам“ – викаше и ја молеше судијката, скршениот Маргривс.

Откако судијката му рече дека правниот систем не може така да реагира таткото едноставно „експлодираше“…

„Тогаш ќе мора сам да го решам тоа“ – рече Маргривс и тргна кон Насар. Но, секако беше запрен од присутните службени лица и потоа оддалечен од судницата.

54-годишниот Лари Насар, кој претходно беше осуден на 60 години затвор поради поседување на материјали со педофилски содржај, сега доби единствена казна од 175 години затвор за сексуално злоставување.

Прва гимнастичарка која го пријави докторот беше Рејчл Денхоландер во 2016 година, а таа беше и прва која му се обрати на Насар на судењето.

„Колку ти вреди живот на едно младо девојче? Гледам дека носиш Библија на судењето, да си ја прочитал би знаел дека добри дела не може да избришат тоа што ни го направи на сите нас, млади девојки. Уништи стотина животи… Никогаш нема да го заборавам денот кога на сопругот, после толку години, му признав што ми правеше и чекав да се заврти и да ме остави. Но, тој не го направи тоа. Ми даде огромна поддршка, имам прекрасни деца и секој ден го молам Бога да ми ги чува. Тебе не ти треба простување од нас затоа што нема да го добиеш, но обрати му се на Господ ако од него добиеш“ – рече Денхоландер.

Се вчитува...