Инзаги бесен: ВАР му зеде седум бода на Лацио

Симоне Инзаги има причина за разочараност откако нова одлука на ВАР технологијата беше „контра“ неговиот Лацио. Главниот судија досуди пенал за Лацио на дербито со Интер поради играње со рака на Шкрињар, но по прегледување на снимката беше утврдено дека немало намера, по што арбитрите ја променија првичната одлука.

Не го сакам ВАР, без технологијата ние сега ќе имавме седум бода повеќе. Овие два бода со Интер ќе ни беа многу важни. Да бидам искрен, навистина немаше пенал, но останува и фактот дека низ сезоната имаше и други одлуки кои се погрешни, а не се прегледуваат. Севкупно гледано ВАР само досега ни зеде седум бода, а најмногу ми пречи што не е стандардизиран, туку е под влијание на желбата на судијата да ја прегледа ситуацијата од еднаш, или немањето таква желба. Јас како тренер многу повеќе уживам во средбите од Лигата на Европа бидејќи таму нема прегледување на снимки. Се убива забавата, играчите и тренерите чекаат по неколку минути за да видат дали да слават или не, што е крајно неприродно“ – изјави Инзаги.

Лацио моментно е петтопласиран со 37 бода на своето салдо, два помалку од градскиот ривал Рома на четвртата позиција.

Се вчитува...