Инзаги е „планот Б“ на Наполи ако замине Сари

Раководството на Наполи ќе се обиде да го доведе тренерот на Лацио Симоне Инзаги, доколку нивниот сегашен предводник Маурицио Сари одбие да потпише нов договор. Инзаги е „планот Б“ на „наполитанците“ бидејќи се повеќе се шират шпекулациите дека Сари ќе замине од „Сан Паоло“ по оваа сезона.

Според италијанските медиуми Наполи и Сари не можат да се договорат околу платата, бидејќи стратегот се обидува да изнуди четири милиони евра годишна плата, додека газдата Де Лаурентис е подготвен да му понуди 2.5 милиони евра. Сари има и клаузула во договорот вредна осум милиони евра, што ги привлекува големите клубови да ја активираат за неговите услуги. Клубот од Неапол и натаму се бори за Скудетото, па ако направат сензација Сари со сигурност ќе биде „мета“ на европските великани.

Инзаги пак, откако во април 2016 година седна на клупата на „лацијалите“ одлично ја врши работата. Неговата флексибилност и носењето добри одлуки во клучни моменти, како и неговото знаење како да го извади најдоброто од своите играчи, се главните карактеристики кои на Де Лаурентис му се допаѓаат и токму затоа би сакал да го види на клупата на неговиот клуб следната сезона.

 

Се вчитува...