Инзаги го носи Несторовски во Беневенто

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски од следната сезона повторно би играл во Серија А, но во редовите на Беневенто, пренесуваат италијанските медиуми.

Италијанците пишуваат дека легендарниот Филип Инзаги, сега тренер на Беневенто, веќе сериозно е во акција во своите редови да го доведе Несторовски за кого се очекува на крајот од сезоната да го напушти Удинезе.

Беневенто во моментов е прв во Серија Б со 20 бода предност во однос на второпласираниот, па сосема извесно следната сезона ќе игра во најсилната италијанска лига.

Се вчитува...