Инзаги и Лацио ќе ја продолжат соработката

Симоне Инзаги очигледно ќе го продолжи договорот со Лацио. Договорот на Инзаги истекува на крајот на сезоната и се најавува дека соработката ќе биде продолжена.

Лацио се’ уште е во игра за Лигата на шампионите, а тимот верува дека тоа ќе го постигнат на крајот. Неодамна се појави информација дека Синиша Михајловиќ може да дојде во Лацио, но тоа веројатно нема да се случи.

“Ние мора да ја завршиме сезоната на позитивен начин. Добро се согласувам со претседателот Лотито, не брзаме. Тој има лични проблеми и играме натпревари на секои три дена. Нема да има проблеми. Горд сум што сум тренер на овој тим. Ние сакаме да завршиме меѓу четирите првопласирани екипи”, рече Инзаги.

Лацио во моментов е на шестото место со натпревар помалку. Второпласираната Аталанта е на само пет бода од него и јасно е дека сè е отворено.

Вчера титулата шампион во Италија ја обезбеди Интер. По девет години доминација на торинскиот Јувентус, „нероазурите“ успеаја на четири кола пред крајот на оваа сезона да ја обезбедат титулата по 11 години чекање.

Се вчитува...