Инзаги: Не заслуживме пораз, но тоа е фудбалот…

Ливерпул со предност од два гола замина од „Џузепе Меаца“ по осминафиналната средба со Интер во Лигата на Шампионите. „Нероаѕурите“ одиграа одличен натпревар, но се се промени по голот на Фирмино во 75. минута од мечот. Падот на домаќините осум минути подоцна го искористи и Мо Салах за комотна предност пред реваншот во Ливерпул.

По крајот на натпреварот тренерот на Интер, Филипо Инзаги не го криеше разочарувањето од резултатот, но вели дека неговите избраници одиграа одличен натпревар и не заслужија пораз.

„Тешко е да се коментра ваков пораз. Горд сум на овие момци. Одиграа одличен натпревар посебно во првите 25. минути од второто полувреме кога заслуживме да постигнеме гол. Фудбалот го одлучуваат мали детали и ударот на Фирмино со глава донесе разлика. Но, овој натпревар треба да ни даде многу самодоверба. Не заслуживме пораз, но тоа е фудбалот. Мораме да бидеме горди на тоа како одигравме против голема екипа, една од најдобрите во Европа. Немаме преголема надеж, но на „Енфилд“ ќе одиграме најдобро што можеме па ќе видиме што тоа ќе ни донесе“, вели Инзаги.

Се вчитува...