Инзаги по победата: Одигравме скромно и пожртвувано

Тренерот на Лацио, Симоне Инзаги ги пофали своите фудбалери за изданието на синоќешниот натпревар против Борусија Дортмуд, што римскиот клуб го доби со резултат 3-1.

„Ми се допаѓа скромноста со која се соочивме со навистина силен противник, бидејќи тие имаат многу квалитетни фудбалери во средината на теренот и нападот. Одигравме одличен натпревар, се насочивме кон колективна игра и одигравме пожртвувано. Тоа се покажа како одлично бидејќи успеавме да ја искористивме секоја шанса, воедно и не примивме наивни голови”, изјави Инзаги.

Тоа беше голема трансформација за екипата која во саботата загуби 3-0 од Сампдорија

„Од тој пораз си ја научивме лекцијата. Хоаким Кореа и Чиро Имобиле работеа напорно за тимот и тие се најзаслужни за победата над Борусија“, истакна стратегот на Лацио.

Репрезентативецот на Србија, Сергеј Милинковиќ Савиќ излезе од игра во 67 минута откако се пожали на повреда.

“Сергеј сам побара замена бидејќи беше уморен имаше модрица на колкот, се надевам дека не е ништо сериозно” – објасни Инзаги.

Се вчитува...