Инзаги потпиша нов договор со Лацио

Симоне Инзаги ќе остане на чело на Лацио и во наредните три сезони откако овој стратег ги договори условите за продолжување на соработката со римскиот клуб. Јувентус покажа интерес за Инзаги по веста за заминувањето на Алегри, што беше повод за експресно да бидат почнати разговори за нов договор.

„Потпишавме нов договор со Инзаги. Отсекогаш знаев дека Симоне ќе остане во нашиот клуб, сега само тоа е официјално. Во изминатите три години бевме блиску, се надевам дека сега конечно ќе ја оствариме целта – ќе влеземе во ЛШ“- изјави претседателот Клаудио Лотито.

Симоне Инзаги минатата сезона го одведе Лацио до трофејот во Купот на Италија, a со новиот договор 43-годишниот стратег ќе добие и плата од два милиони евра по сезона.

Се вчитува...