Инзаги: Се плашам да не го разбудиме ѕверот во Баерн, мора да внимаваме

По долго време, Лацио игра елиминациски натпревар во Лигата на шампионите, а противникот е неверојатно добар и квалитетен. Станува збор за европски шампион Баерн Минхен, тим кој предизвикува страв и терпет кај противниците.

Симоне Инзаги, тренерот на Лацио, вели дека Баерн е неверојатно добар и речиси непогрешлив тим, па доколку сакате да остварите позитивен резултат, треба да се даде најдоброто од секој играч.

– Ова е убаво, кулминација на петгодишната напорна и заедничка работа со одлична група на фудбалери. Ќе се обидеме да играме растоварено, но и со вообичаен мирен пристап кон овој дуел. Ја замислувавме оваа вечер долго време и овој натпревар ќе биде шлаг на тортата“, изјави тренерот на Лацио, Симоне Инзаги.

Инзаги вели дека Баерн можеби во последно верме се наоѓа во криза, но дека тоа не треба ги опушти неговите фудбалери.

„Да, тие претрпеа пораз и реми на последните два натпревари. Но, пред тоа, тие врзаа пет победи и станаа светски шампиони, се плашам да не го разбудиме ѕверот во нив. Речиси е невозможно да се игра со нив, но ние ќе сториме најдобро што можеме“, заклучи Инзаги.

Лацио и Баерн играат во вторник во Рим, а ова ќе биде првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Се вчитува...