Инзаги: Цело време знаев дека ќе направиме пресврт

Лацио полека, но сигурно станува „крал на пресвртите“ откако вчера во дербито на колото во италијанската Серија А го совлада Интер со 2-1. Тренерот на „небесно-сините“, Симоне Инзаги, вели дека во ниту еден момент не се сомневал дека неговите фудбалери ќе успеат да направат пресврт на мечот.

„Цело време бев убеден во пресврт. Игравме добро против одличен противник кој сезонава загуби на само еден меч. Држевме извонреден ритам, одигравме одличен натпревар и тоа ни ја даде потребната самодоверба за победа. На полувреме им кажав на момците да продолжат така, само да ја засилат концентрацијата во последната третина и тоа ќе ни донесе победа“, изјави Инзаги. 

Лацио е во серија од 19 натпревари без пораз во италијанскиот шампионат, а во таа серија дури четири пати успеваа да направат пресврт. Тие во моментов се наоѓаат на втората позиција на првенствената табела со бод помалку од лидерот Јувентус.

Се вчитува...