ИОК го суспендираше Френки Фредерикс поради мито и корупција

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) го суспендираше својот член Френки Фредерикс, неколку дена откако поранешниот спринтер во Франција е обвинет за земање мито за гласањето за домаќин на Олимписките Игри во 2016 година.

Фредерикс добил 300.000 американски долари од еден бразилски бизнисмен, со посредство на синот на поранешниот претседател на ИААФ, Ламина Дијака, на 2.октомври 2009 година, кога Бразил ја дови организацијата на Игрите.

„Земајќи ја во предвид тежината и итноста на ситуацијата, како и нејзиното влијание на угледот на ИОК, извршниот одбор одлучи да го суспендира Френки Фредерикс“, извести ИОК.

Тој негираше дека земал мито нагласувајќи дека парите му биле уплатени на име на консултантски работи во атлетиката.

 

Се вчитува...