ИОК: Сите учесници на ЛОИ во Токио ќе мора да бидат вакцинирани

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах истакна дека сите спортисти и навивачи кои ќе бидат дел од ЛОИ во Токио ќе мора да бидат вакцинирани.

„Како би го заштитиле јапонскиот народ и од почит према него, ИОК ќе се потруди сите кои ќе бидат дел од игрите да бидат вакцинирани, ако до тогаш вакцината биде достапна. Олимписките учесници нема да бидат приоритет пред медицинските работници за вакцинација, но доколку биде во употреба вакцината ИОК ќе се обиде сите да бидат вакцинирани. Верувам дека ЛОИ во Токио ќе бидат светлото на крајот на тунелот“, изјави Бах.

Игрите кои требаше да се одржат летово беа одложени за 2021 година поради пандемијата од коронавирусот.

Се вчитува...