ИОК во октомври ќе одлучи кој ќе биде домаќин на ЗОИ 2030 година

Седницата на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), на која ќе биде одреден домаќинот на Зимските олимписки игри во 2030 година, ќе се одржи од 14. до 17. октомври во Мумбаи (Индија).

Неколку дена пред седницата на МОК ќе се одржи состанок на Извршниот комитет на оваа организација. Официјалното отворање е закажано за 14. октомври, а дискусиите ќе се водат од 15. до 17. истиот месец.

До овој момент, канадските градови Ванкувер и Вистлер, како и Сапоро (Јапонија) и Солт Лејк Сити (САД), изразија желба да ги организираат Олимписките игри во 2030 година. Зимските игри во 2026 година ќе се одржат во италијанските градови Милано и Кортина Дампецо.

Се вчитува...