Ирците се спасија против Австрија, Украина го освои Хелсинки

Република Ирска барем привремено (до вечерашниот натпревар Србија – Велс) се наоѓа на првото место во својата група откако Ирците по голема борба останаа непоразени на домашен терен против Австрија, ремизирајќи 1-1. Гостите долго време имаа предност со голот на Хинтерегер, но една несмасна интервенција на австриските дефанзивци беше казнета од страна на Волтерс, кој во 85. минута донесе огромна радост меѓу домашните фанови на стадионот во Даблин. Три минути пооцна Ирците постигнаа уште еден погодок, но голот на Дафи беше поништен поради прекршок.

All Goals & highlights HD – Ireland 1-1… by lifefootball

Украина остана во игра за место кое значи најмалку бараж во групата И откако славеше на гостувањето против Финска со 1-2. Конопљанка ги доведе Украинците во водство во Хелсинки, Похјанпало го постигна израмнувачкиот погодок во 72. минута, за неполни три минути подоцна гостите да го постигна победничкиот гол преку Беседин.

All Goals & highlights HD – Finland 1-2… by LiveGoalsTV

Молдавија и Грузија ремизираа 2-2, резултат по кој повеќе ќе жалат домаќините. Имено, Молдавците по првото полувреме водеа со 2-0, но гостите успеаја да се вратат и преку Меребашвили и Казаишвили стигнаа до реми.

Се вчитува...