Ирвинг со помош за кошаркарките кои поради Ковид-19 нема да играат во ВНБА

Ѕвездата на Бруклин Нетс Кајри Ирвинг продолжува со активностите надвор од терените. Тој во последно време добива голем простор во медиумите, но не за кошаркарските активности, туку за тие кои се поврзани со заедницата. Асот на Бруклин одлучи да донира 1,5 милиони долари на секоја кошаркарка која ќе одбие да настапи во ВНБА.

„Дали личноста одлучи да се бори за правда во друштвото да игра кошарка, да се фокусира на менталното здравје или само сака да биде со семејството ќе добие наша поддршка и се надевам дека ќе можеме да помогнеме што повеќе“, изјави Ирвинг. 

 

Се вчитува...