Исак: Многу сум разочаран, но пораките на поддршка ми даваат ветер во грб

Фудбалерот на Ливерпул, Александар Исак, им порача на навивачите на својот клуб дека му е тешко бидејќи ќе мора да направи принудна пауза, но и дека ќе направи сè за да се врати на теренот што е можно поскоро и целосно подготвен.

Шведскиот интернационалец ја претрпе повредата во моментите кога го постигна водечкиот гол против Тотенхем.

Офанзивниот играч од средниот ред, Флоријан Вирц, ја регистрираше својата прва асистенција во Премиерлигата во 56-тата минута, а Исак постигна гол и се повреди – бидејќи стоперот на Тотенхем, Мики Ван Де Вен, случајно налета во него за време на шутот.

Исак беше успешно опериран во понеделникот, а Ливерпул објави дека ќе отсуствува неколку месеци, иако не ги открија сите детали за повредата.

„Многу сум разочаран што ќе бидам надвор од теренот некое време. Сега е време да се опоравам, ќе го поддржувам тимот од клупата. Ќе работам напорно за да се вратам што е можно поскоро. Благодарност до сите „црвени“ и до сите други за убавите пораки – навистина многу ми значи“, напиша Исак. 

Се вчитува...