Навивачите на Ливерпул доживеаја вистински шок на натпреварот против Тотенхем на кој нивното 150 милионско засилување, Александар Исак конечно ја затресе мрежата по неполн месец „пост“, но голот не успеа да го прослави поради тешка повреда.
Шведскиот голгетер заработи скршеница на ногата откако фудбалерот на Тотенхем, Мајки Ван де Вен во обид да направи блок неконтролирано стартуваше над Исак.
Вчера беше извршена операција на глуждот информираа од тимот од „Енфилд“. Рехабилитацијата на Исак ќе продолжи во тренинг центарот на клубот, а сè уште не е утврдено кога ќе биде подготвен за враќање на терените.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

